Работењето со Rollsoft е лесно
( дури и забавно )

Пополнување

Краток еднократен процес на регистрација

Побарувања и Обврски

Периодично (н.п. еднаш месечно) попoлнете листа на ваши побарувања и обврски (должи и побарува). Истите лесно може да се извадат од вашиот сметководствен систем

Информациите кои ги доставувате не се откриваат кон никого. Секој должник и доверител што го реферирате ги гледа само информациите кои вие сте ги доставиле за него.

Софистицираниот алгоритам пронаоѓа секвенци на обврски кои можат да бидат компензирани од побарувањата.

Извештај за компензација

Добивате извештај за сите долгови и побарувања кои можат да се компензираат, со цел да се одобрат или променат од ваша страна.

Откако крајниот извештај ќе биде генериран, се споведува компензацијата: сумите, кои ви ги должат се одземени од оние суми кои вие ги должите.

Како резултат :

Вие правите плаќање без да ја користите готовината на компанијата, со што ја задржувате готовината во ваши раце

Побарувањата ги наплаќате без ниту едно јавување на вашиот должник

Длабочински увид во Rollsoft